В недела право на глас ќе имаат 1.814.644 граѓани

Право на глас на претстојните локални избори што ќе бидат одржани во недела, на 15 октомври годинава, ќе имаат 1.814.644 гласачи.

Во изводите од Избирачкиот список се запишани 1.735.682 гласачи, 77.071 избирачи се на привремена работа или престој во странство, 1.882 за време на изборите ќе се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор, а девет гласачи се запишани како внатрешно раселени лица.

Шестите локални избори во Македонија, на 15 октомври, ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.