В недела Светски ден на белодробна хипертензија

Првпат во Македонија в недела ќе се одбележи Светскиот ден на пулмонална хипертензија, во организација на Здружението АПХ Момент Плус – Македонија, кое е член на Европската асоцијација на пациенти за ПХ (ПХ Европа) по повод Светскиот ден на пулмонална хипертензија 5 мај.

Манифестацијата ќе се одржи во Гевгелија, а ќе се одвива под мотото „Остани без здив за ПХ“. Ќе се состои од маратон од 4 километри и културно забавна програма, со почеток во 12 часот.

Пулмоналната (белодробната) хипертензија (PH) е тешко заболување со кое сериозно се ограничува работата на телото и може да заврши со смрт. Таа сериозно влијае врз секојдневните активности. Може да предизвика серија од различни други заболувања (на пример, белодробни или срцеви заболувања или згрутчување на крвта), но и други за кои причините не се непознати.

Во некои случаи таа е наследна.  Пулмоналната хипертензија се појавува во разни форми, од кои некои се и ретки. Без разлика, се појавува независно од возраста или етничкото потекло и може секој да ја добие.

Овие потреби може да се задоволат преку две релативно едноставни решенија, кои не само што водат кон подобрување на резултатите од третманите за пациентите со хипертензија, туку и кон намалени трошоци за здравствениот систем и за општеството.

Преку воспоставувањето на центри за експертиза за дијагностика, третман и справување со пулмонална хипертензија ќе се добие гаранција дека луѓето со неа или оние со голем ризик за добивање на истата се дијагностицирани и третирани од лекари што имаат големо искуство со оваа болест и дека ќе помогнат да се намали потребата за препишување скапи лекарства.
Дишењето за луѓето со пулмонална хипертензија не претставува комфор, а центрите за експертиза и центрите за иновативни истражувања може да придонесат кон враќањето на овие луѓе во нормала. Не треба да чекаме, туку да дејствуваме веднаш.