В петок отворени денови со Катастар во Кисела Вода

Општина Кисела Вода во соработка со Агенцијата за катастар на недвижности ги известува жителите од ова подрачје дека во петок,  во Големата сала на општината ќе се одржат „Отворени денови со Катастарот”.

-Сите граѓани кои имаат прашања за конкретни предмети, барања за појаснувања на постапки и потребна документација за впишување имоти за легализација, приватизација на дворни места и за други работи во надлежност на катастарот, во петок од 9 до 17 часот ќе можат, во својата општина, да се консултираат и да побараат одговори од стручните служби на Катастарот, стои во соопштението од Кисела Вода.