В понеделник без струја делови од Кисела Вода и Бутел

Корисниците од улиците „Ѓорѓи Сугаре“ и „Михаил Чаков“ во општина Кисела Вода, в понеделник (29 август) од 8:30 до 10:00 часот ќе останат без електрична енергија, информираат денеска од РЦУК Скопје.

Во периодот од 8:30 до 10:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од бул. „Босна и Херцеговина“ б.б, објектите на ДООЕЛ Гриотти и АМСМ – технички преглед Топанско Поле, како и дел од корисниците од ТЦ Треска во општина Бутел.