В понеделник второ извлекување од наградната игра „Фискална во рака- награда без мака“

Второто извлекување од наградната игра „Фискална во рака- награда без мака“ ќе се одржи во понеделник на 27-ми јанури, а во истото ќе учествуваат ковертите, пристигнати од 15-ти ноември минатата година до 26-ти јануари до 24 часот.

Извелкувањето ќе биде емитувано во живо на МТВ 1.

Во второто извлекување ќе се извлекуваат добитници на бројни вредносни ваучери и еден автомобил, како и во третото, четвртото, петтото и шестото, а сите неизвлечени коверти од овие извлекувањата ќе учествуваат во седмото извлекување кое ќе се реализира на 30-ти јуни кога покрај вредносни ваучери и автомобил ќе се извлекуваат и еден стан и еден дуќан.

Во текот на наградната игра која заради големиот интерес наместо девет ќе има вкупно 13 извлекувања ( секој месец по едно) ќе може да се учествува со фискални сметки кои носат најран датум од 15-ти ноември лани. Сите кои до сега не ги испратиле своите фискални сметки, истото може да го сторат и понатаму во текот на наградната игра.

Само за потсетување, во првото извлекување кое што се одржа на 30-ти декември,  беа доделени вкупно 153 награди меѓу кои беа првиот стан, дуќан, автомобилот Пежо 208, велосипеди, компјутери, фотоапарати, бела техника, аудио и видео техника.

Добитниците на вредносните ваучери од првото извлекување, ваучерите може да ги подигнат од Благајната на Државна лотарија на Македонија во Скопје, а голем дел од нив тоа веќе го сторија и веќе ги подигнаа и своите производи од продажните места на соработниците.

Сите добитници на ваучери во вредност до 5.000денари, кои не се од Скопје, а се оневозможени својот ваучер да го подигнат од Благајната на Државна лотарија на Македонија, своите ваучери ќе ги добијат со препорачана пошта на адресата која ја навеле на листот со личните податоци. Доколку не сте во можност својот ваучер да го подигнете од благајната на Државнз лотарија на Македонија, јавете  се во контакт центарот на Државна лотарија на Македонија на тел 02 323 77 77  во работни денови од 8 до 20 часот.