В сабота голема еко акција – „Македонија без отпад“

Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“, в сабота организираат акција за отстранување на отпадот оставен на несоодветни места.

Големата акција на чистење ќе се изведе и со учество на државните институции, локалните самоуправи, јавните и комуналните претпријатија, како и и здруженија на граѓани. Целта на проектот „Македонија без отпад 2014“ е на 18 октомври организирано и што помасовно да се вклучат граѓаните и сите засегнати групи, да ја исчистат својата околината од отпадот што се наоѓа лоциран на несоодветни места.

Заради поддршка на институциите за справување со неовластено исфрлање и складирање на отпадот, граѓаните доколку забележат ваква активност во својата околина, можат да се обратат на бесплатниот телефонски број за итни дојави 195 на Центарот за управување со кризи. 

Сите учесници во акцијата „Македонија без отпад – 2014“ треба да се регистрираат на веб-локацијата www.ajdemakedonija.mk

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.