В сабота ќе се освети новата црква „Света Петка“ во Прилеп

Во Прилеп во сабота официјално ќе биде осветена и отворена за сите обреди новоизградената црква „Света Петка“ во населбата Точила, соопшти денеска на прес-конференција Иницијативниот одбор за изградба на црквата, пренесе МИА.

Според отец Влагоја Станкоски, од прилепското намесништво и член на Иницијативниот одбор, чинот на осветувањето на црквата што со години се градеше ќе го изврши поглаварот на МПЦ, Архиепископот охридски и македонски, архиепископот Стефан.

–  Чинот е голем и значаен зашто по 100 години се гради и се осветува ваков црковен храм во Прилеп. Црквата „Света Петка“ се градеше со години од донации од