среда, 28 јуни 2017  |  Вести денес: 3

В сабота се отвора Аква паркот во СЦ „Борис Трајковски“

Капацитетот на „Вип АКВА ПАРК“ е ограничен на 1.000 посетители, пред се поради пропишаните нормативи за безбедноста и удобноста на посетителите. Во рамките на „Вип АКВА ПАРК“ ќе работат и три кафулиња и еден ресторан.

В сабота се отвора Аква паркот во СЦ „Борис Трајковски“

В сабота се отвора Аква паркот во СЦ „Борис Трајковски“

Поврзани вести

Аквапаркот  кој се наоѓа во комплексот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ почнува со работа во сабота на 11 јуни.

Билет за „Вип АКВА ПАРК“ ќе чини 300 денари, а ќе се нуди и семеен пакет за четири лица за 1.000 денари. Влезница за деца под 13 години ќе чини 200 денари, а влезница за деца под четири години е бесплатна. За групни посети над 30 лица се добива попуст од 30 проценти. „Вип АКВА ПАРК“ ќе работи секој ден од 10 до 20 часот.

Капацитетот на „Вип АКВА ПАРК“ е ограничен на 1.000 посетители, пред се поради пропишаните нормативи за безбедноста и удобноста на посетителите. Во рамките на „Вип АКВА ПАРК“ ќе работат и три кафулиња и еден ресторан.

Подетални информации за активностите и цените на билетите на Аква паркот можете да се добијат на официјалната веб-страница на СЦ Борис Трајковски http://www.salaboristrajkovski.gov.mk/kapaciteti/akva-park .

Најчитани вести