В сабота се отвора првиот фан-шоп на Вардар!

Првиот клупски фан шоп на Вардар, како и Outlet продавница на Hummel ќе биде отворена во сабота во Скопје во склоп на СЦ „Јане Сандански“ на површина од 105 метри квадратни, во која сите навивачи на „црвено-црните” ќе можат да купат различни реквизити и спортска опрема со клупските бои и амблеми на Вардар.

Отворањето е закажано за 17.00 часот.

Предвидено е на денот на отворање и во следните 7 дена да има промотивен попуст од 20% на целата програма на Hummel со сите застапени колекции Sport, Fashion. Lifestyle и Footwear, како и бројни изненадувања и подароци за купувачите, како на пр. за секоја поеднинечна продажба над 6.100,00 ден. купувачот ќе добие Loyalty Card Fun Shop Vardar со попуст од 10% при секоја следно купување.

Во понудата на продавница ќе може да се најдат дресови, маички, тренерки и друга спортска опрема со обележјата на машкиот и женски ракометен клуб, како и фудбалскиот клуб Вардар од познатиот спортски бренд Hummel, во чија опрема и настапуваат клубовите, како и спортски шалови, капи, маички, чадори, приврзоци и останати материјали.

Наскоро е планирано отворање и на он-лајн продавница преку која сите реквизити и спортска опрема ќе можат да се нарачаат и платат он-лајн, со можност за достава на домашна адреса.

За почеток ќе функционира само оваа продавница која ќе има работно време од 10.00 до 22.00 часот секој ден од неделата.

Во салата во СЦ „Јане Сандански“ в сабота ќе се одигра и првиот официјален натпревар, а тоа ќе биде мечот меѓу Вардар и Чеховски медведи од машката Лига на шампионите меѓу Вардар и Чеховски со почеток во 19 часот.

Извор: РК Вардар

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.