понеделник, 28 ноември 2016  |  Вести денес: 65

Тодоров: Полицајците и војниците ја пребараа секоја педа во поплавите

todorov.jpg2_-640x343

Поврзани вести

Вицепремиерот и министер за здравство, Никола Тодоров, во гостување на ТВ Нова истакна дека невремето во скопскиот регион е најголемата природна катастрофа која ѝ се случила на Македонија, по земјотресот во 1963 година, како и дека штетата ќе биде надоместена.

Тој уште еднаш изрази сочувство до семејствата на настраданите и потенцира дека најболното нешто е што во невремето животот го загубија 22 лица.

-Вечерта во 3 часот беше првиот состанок на оперативниот штаб во Автокоманда. Сите беа на терен, војската и полицијата веднаш интервенираа. Тогаш беше првиот брифинг, информациите беа дека станува збор за страшна природна непогода и веднаш се договоривме како да се през мерки.  Првата одлука беше да се започне со прва фаза која е се прави во случај на природна непогода. Тоа е фаза на пребарување и спасување. Целиот регион го поделивме на 3 сектори. Еден го пребаруваше полицијата а друг армијата, вели Тодоров.

Полицијата и војската имаа обврска да се пребара секоја педа, да се спасат преживеани.

Во целиот период, од самиот почеток се почитуваа и спроведуваа сите правила до детаљ, кои се наменети за вакви кризи и справување со природни непогоди.

-Не знам дали има друга Влада која секоја вечер имаше состаноци. Првите два дена не спиевме, ниту координаторите, ниту полицијата или војската. Ги сплотивме ресурсите и добро се координиравме, вели Тодоров.

Најчитани вести