Вагон полн со мигранти откриени на железничка во Велес

Велешката полиција синоќа откри вагон полн со илегални мигранти во патничкиот воз кој сообраќал на релацијата Гевгелија-Скопје.
Станува збор за илегални мигранти претежно од Пакистан и од Сирија. Триесет и двајцата мигранти беа откриени во возот кој околу 19 часот пристигна од Гевгелија на железничката станица во Велес.
Илегалните мигранти, најголем број мажи, се на возраст меѓу 20 и 30 години. Полицијата по утврдување на нивниот идентитет, се очекува да ги врати на грчка територија од каде што дошле.