ВИДЕО: Вагон со бодликава жица ја затвори во целост Унгарската граница

Вагон со бодликава жица,кој што наликува како да дошол директно од некое апокалиптично холивудско сценарио синоќа беше поставен за да се загради последниот празен простор на границата со Србија и покрај тоа што ЕУ предупреди дека оградите и засилените гранични контроли не се решение за бегалската криза, пишува Раша тудеј.

Секоја земја има право да ги заштити сопствените граници, изјавија од ОН, но предупредија дека оградата на Унгарската граница со која треба да се спречи напливот на мигранти може да ги ограничи правата на барателите на азил.

Го признаваме правото на секоја држава да ги заштити сопствените граници со алатките и методите што се наопходни, изјави портпаролот на високиот комесар за бегалци на ОН Ерно Симон, додавајќи дека е „мошне важно“ да нема бариери за луѓето што бегаат од земјите зафатени со војна.

Унгарија ја затвори границата со Србија, откако рекордни 5.809 бегалци влегоа во земјата само во неделата, а годинава на нејзина територија преминале 190.000 бегалци. Од денес Унгарија ќе почне даљ спроведува зајакнати мерки на границата, па онир што илегално ќе ја преминат границата ќе бидат уапсени.

vagon-bodlikava zica

Синоќа беше завршен последниот дел од жичаната ограда долж границата. На последното празно место беше поставен вагон со бодликава жица, за да се затвори железничкиот премин во билзина на Роске.

Будимпешта ќе ги одбие и ќе ги враќа сите бегалци што ќе дојдат на границата, а претходно не поднеле барање за азил во Србија, објави владиниот портпарол на Унгарија Золтан Ковач.

-Затоа што тоа е меѓународно легално право, мора да се направи така, изјави тој.

Словачка, Австрија и Холандија исто така во текот на вчерашниот ден воведоа гранични контроли, откако во текот на викендот Берлин одлучи да ги зајакне контролите на границите.