Вахабист се заканил дека ќе убива за Нова година во БиХ

Вахабист се заканил дека за Нова Година ќе убие најмалку 40 луѓе. По ваквите закани жителите на Корај во БиХ живеат во страв.

Мажот кој им се заканува има надимак Пухавац, претходно живеел во населбата Корај, а поради облекувањето и начинот на кој го вршел верскиот обред бил избркан од џамијата. После тоа, Пуховац го напуштил тоа место.

„Исплашени сме и се надеваме дека некој ќе го сопре мажот кој му се заканува на народот. Не смееме да дозволиме терор во државата и затоа мора да ја предупредиме јавноста со заканата со која сме соочени. Некој мора да реагира, нашата безбедност е загрозена“, рекле жителите за босански Аваз.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.