Вајдман: Опасноста од банкрот на Грција расте со секој изминат ден

Претседателот на германската централна банка Бундесбанк, Јенс Вајдман денеска изјави дека опасноста од банкрот на Грција се зголемува со секој изминат ден.

– Има силна волја да се помогне на Грција. Даночните обврзници од другите земји од еврозоната веќе дале значајни средства за поддршка на неизбежниот процес на корекции. Но, времето минува и опасноста од банкрот расте со секој изминат ден, истакна Вајдман во обраќање во Лондон, соопшти неговиот кабинет.