Вајгл: Бојкотот на Заев е сериозен удар врз стабилноста и европската иднина на земјата

Одлуката на македонската водечка опозициска партија СДСМ да не учествува на предвремените парламентарни избори на 5-ти јуни може да претставува сериозен удар не само на процесот на демократизација на земјата, но и на нејзината стабилност и Европска однина во целина, вели европратеникот и специјален известувач за Македонија, Иво Вајгл.

Обвиненијата за неправилности, недостигот на транспарентот и одложувањето на имплементирањето на Договорот од Пржино треба сериозно да се разгледаат, оцени Вајгл.

Европратеникот сепак додава дека не е доцна за да се создадат услови, кои ќе овозможат сите да учествуваат на изборите закажани за 5 јуни.

Без разлика, се уште има доволно време за да се имплементираат некои од важните реформи и мерки со цел да се исполнат барањата на сите учесници во изборниот процес и за да се однесе земјата во понапредно ниво на демократија, рече Вајгл.

Специјалниот известувач оцени дека последните настани во земјата сериозно ја загрозуваат евроатлантската иднина.

Европската комисија и Европскиот парламент, заедно со претставниците на САД вложија големи напори за да осигураат дека претстојните избори ќе и дадат шанса на земјата за нов почеток на патот кон евроатлантските интеграции. Оваа шанса сега може да биде пропуштена поради недостиг на волја, одговорност и подготвеност да се направи компромис во интерес на државата, заклучува Вајгл.