Вајгл: Една од целите на терористите во Куманово е ширење радикален ислам

Некои од тие луѓе кои учествуваа во случувањата во Куманово, очигледно, многу професионално се бореле во терористички акции во Сирија и Ирак.

Ова во интервју за хрватскиот весник „Вечерњи лист“ го вели европратеникот Иво Вајгл, известувач за нашата земја во Европскиот парламент.

-Тие знаат со која идеја дошле во Куманово, а тоа е џихад и ширење на европско тло на радикалниот ислам. Дозволувам да се тука и други мотиви- Голема Албанија или поврзаност со домашната политичка сцена, иако тешко верувам во тоа да било кој е подготвен да превземе одговорност за смрт на осум полицајци, вели Вајгл за „Вечерњи лист“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.