среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Вајгл, Флекенштајн, Кукан: Партите се подготвени за фер изборна трка

Политичките партии се подготвени за фер и транспарентна трка, а изборите ќе можат да се одвиваат во атмосфера на доверба и транспарентност, е оценката на тројката европратеници Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Еудард Кукан што ја изнесоа на заедничката прес-конференција по средбите во Скопје со лидерите на политичките партии.

трка

Поврзани вести

Сите партии покажаа оптимизам во однос на резултатите што ги очекуваат да ги постигнат. Задоволни сме што постои дух на соработка помеѓу двете главни партии и нивните лидери за избегнување инциденти за време на изборната кампања. Имаме добра причина да веруваме дека изборите на 11 декември ќе бидат фер и транспарентни и дека ќе претставуваат почеток на едно ново време за Македонија. По изборите ќе дојде време за признавање на резултатите од нив и продолжување со реформите дефинирани во Пржинскиот договор за што има консензус меѓу партиите, изјави европратеникот Вајгл, кој е и известувач за Република Македонија во Европарламентот.

Тој истакна дека денеска имале средба и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева при што на средбата го повториле интересот и поддршката за оваа институција. – Нагласивме дека е важно СЈО да не бидат согледувани дека држат страна во процесот на избори и периодот пред самите избори, рече Вајгл.

Европратеникот Кукан посочи дека чувството по средбите е дека подготовките за изборите се одвиваат добро и се надева дека така и ќе остане.

Се надевам дека ќе имате кредибилни избори прифатени од сите политички играчи и дека новата влада веднаш ќе почне со имплементирање на приоритетните реформи со што земјата ќе покаже дека е посветена на евроинтеграциите и ќе почне да се придвижува во таа насока, рече Кукан.

Флекенштајн, пак, потсети дека овие избори ќе бидат набљудувани од ОБСЕ/ОДИХР кои се, рече, добро подготвени за таа цел и дека во процесот на мониторирање ќе бидат вклучени и пратеници и претставници на невладините организации. – Се надевам дека македонските граѓани ќе излезат во голем број на гласачките места и дека тие ќе бидат успешни, истакна Флекенштајн.

Тројката европратеници најавија дека повторно ќе дојдат во посета на земјата една недела по одржувањето на изборите.

Најчитани вести