Вајгл: Функционирањето на Собранието допринесува за градење на позитивна слика за државата

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, денеска оствари средба со новоименуваниот известувач на Европскиот парламент за Република Македонија, Иво Вајгл.

Вељаноски го искажа своето убедување во добрата намера на Европските институции поради досегашната голема поддршка во зајакнувањето на законодавниот дом односно во двостраната соработка и цел за подобрување во сите сфери на работењето, а како потврда на тоа е шестиот по ред извештај со позитивна препорака за отпочнување на преговорите. Тој го запозна Вајгл со моментална состојба во Република Македонија и Собранието. Притоа тој истакна дека сите политички субјекти се одговорни за остварувањето на парламентарната демократија и во таа смисла укажа дека моменталниот бојкот на опозицијата има негативно влијание врз работата на Собранието, врз целокупиот впечаток со кој се стекнува јавноста и меѓународната заедница. Вељаноски укажа и дека тој како претседател ги употребува сите механизми кои му ги овозможуваат Деловникот и Уставот на Република Македонија за да овозможи дијалог помеѓу политичките партии и е цврсто убеден дека само институционалниот дијалог носи допринос за државата.

LIK_5025

Известувачот Вајгл укажа на неговата поддршка и искрен пријателски однос кон Република Македонија. Тој истакна дека поддржува политички дијалог остварен преку институциите, пред се преку Собранието на Република Македонија. Известувачот Вајгл истакна дека целосното функционирање на Собранието допринесува за градење на позитивна слика за државата како и на Европските интеграции. Тој укажа на одговорноста која ја носат политичките субјекти, а која ја добиваат на изборите од сите граѓани дека истата треба да биде реализирана преку институциите во овој случај преку Собранието. Известувачот Вајгл искажа поддршка за совладување на сите предизвици кон европското интегрирање на Република Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.