Вајгл, Кукан и Ховит во Скопје

Членовите на Европскиот парламент Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан, кои посредуваа во напорите за постигнување на договорот од Пржино, денеска ќе ја посетат Македонија.

Европратениците се очекува да одржат одвоени средби со лидерите на политичките партии потписници на договорот.

Вајгл, Ховит и Кукан, исто така, треба да се сретнат и со специјалната обвинителка Катица Јанева, како и со претставници на Државната изборна комисија.

Тројката од Европарламентот доаѓа со задача да ги убеди партиите да се забрза усвојувањето на преостанатите обврски од договорот од Пржино и од итните реформски приоритети што ги препорача Европската комисија.

Хан ќе ја посети Македонија во средината на месецот

Во средината на месецот се очекува и доаѓањето на еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Јохаес Хан. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, целта на посетата на Хан е да направи увид во напредокот од имплементирањето на точките од договорот во Пржино, како и на реформските приоритети сугерирани од Еврокомисијата.

Хан ќе ја посети Македонија во средината на месецот
Хан ќе ја посети Македонија во средината на месецот

Потврдувам дека комесарот Хан ќе го посети Скопје во јануари, но немам датум. Причината е да направи проценка на ситуацијата, изјави портпаролката на неформалната влада на Европската унија, Кетрин Реј.