Вајгл лично на Заев му порачал опозицијата да се врати во Парламентот

Лично на лидерот на СДСМ му кажав дека опозицијата мора да се врати во Парламентот, изјави во ексклузивно интервју за алфа, Иво Вајгл, словенечки европарламентарец и новиот известувач во ЕП за Македонија.

– Дојдов до сознание дека прва работа која Македонија сама мора да ја реши е да воспостави нормален парламентарен однос меѓу опозицијата и владата. Парламентот е место каде со соочуваат ставовите и каде може да се води дијалог за несогласувањата, за проблемите. Тоа значи дека опозицијата мора да се врати во Парламентот. Тоа беше и мојата порака до лидерот на опозицијата – кога се има 30 проценти од гласовите, се има голема моќ, се има значаен мандат на своите гласачи и тој треба да се искористи, а не да практично се отфрли. Но тоа бара и почитување од страна владата и партиите победнички на изборите“ вели Вајгл.

Тој во интервјуто додава и дека Македонија може да ги почне преговорите за членство, Грција треба да покаже дека го има духот на европско добрососедство, а Унијата мора да понуди нов пристап во процесот на проширување.