петок, 2 декември 2016  |  Вести денес: 65

Вака ќе изгледа новиот Клинички центар во Скопје (ВИДЕО)

Во текот на градбата, нема да се дозволи во ниеден момент да се загрози работата на клиниките во кампусот, посочи министерот за здравство Никола Тодоров

nov-klinicki-centar-640x379

Поврзани вести

Во официјалниот гласник на Европската унија е објавен тендерот за изградба на Универзитетски Клинички Центар „Мајка Тереза“ во Скопје, а по спроведување на законските процедури, градежните работи ќе отпочнат на почетокот на 2017 година. Предвидено е да завршат до крајот на 2021 година, односно рокот на изведба е 45 месеци, со гарантен рок од 12 месеци.

Во текот на градбата, нема да се дозволи во ниеден момент да се загрози работата на клиниките во кампусот, посочи министерот за здравство Никола Тодоров и додаде дека ова е долго очекуван проект кој што претставува круна во низата инвестиции во здравството направени во минатиов период.

Погледнете како ќе изгледа новиот Клинички центар во Скопје.

Најчитани вести