Вакцина против ебола во ноември

Вакцината против ебола ќе биде достапна во ноември за медицинските лица кои се на удар на таа болест, соопшти Светската здравствена организација, објави МИА.
Оттаму се наведува дека во тек се тестирања за два вида вакцини.

– Доколку се покаже безбедна, вакцината би можела да биде достапна во ноември 2014 година приоритетно за медицинските работници кои се грижат за заболени од ебола, се вели во соопштение од СЗО.

Во Западна Африка досега од ебола животот го загубија повеќе од 2.000 лица, и околу 4.000 се заразени во три држави – Гвинеја, Сиера Леоне и Либерија. Во билансот на жртви не се вклучени Нигерија и Сенегал во кои исто така има заболени од ебола, како ни во ДР Конго.

СЗО во соопштението додава дека основа кризен центар за ебола, со цел да се спречи пренесување на болеста во загрозените држави во следните шест месеци.