Свет

Вакцината против ебола почна да се тестира на здрави доброволци

Вакцината против ебола почна да се тестира на здрави доброволци

Вакцина против смртоносната болест ебола во моментов клинички се тестира за да се провери дали е безбедна, пишуваат американските медиуми.

Вакцината произведена од познатата фармацевтска компанија „Глаксо Клајн“ се тестира на здрави доброволци, а медицинска сестра е првата која ја примила вакцината.

Четириесет лица се тестираат во Мали, дваесетина ја примиле вакцината во Националниот институт за здравје во САД и 60 во Велика Британија, а ова е само првата фаза од процесот пред вакцината да биде одобрена.

Вакцината веќе покажала добри резултати кај животни, но ова е прво тестирање на луѓе.
Тестирање за друга вакцина исто така како заштита од ебола, произведена од „Њулинк Генетикс“, треба наскоро да почне.