Ваксинце: Пакистанци држеле во заложништво Авганистанци и барале откуп

Пакистански имигранти држеле во заложништво двајца Авганистанци во Вакиснце, за кои барале откуп.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Б. (25) од Пакистан и против четири непознати лица од Пакистан поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

Пријавените во напуштена куќа во село Ваксинце, општина Липково, четири дена насилно држеле две лица од Авганистан. Истите со употреба на физичка сила изнудиле од страна на нивните семејства да им бидат исплатени по 1.500 евра преку Вестерн Унион. По ова сторителите продолжиле да вршат притисок и барале да им бидат доставени дополнителни парични средства, а на 20.02.2016 година со остар предмет им биле нанесени повеќе убодни рани по телото.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.