Вакво лето немало од 1953 – та

Летово оди во прилог вакво какво што е најмногу за работниците кои се на отворено, но многу добро им доаѓа и на повозрасните кои својот работен век го оствариле, и сега им останува да уживаат во пензионерските денови. Денеска прошетавме и сретанавме неколкумина како во длабоката сенка разговараат, ги прашавме дали се сеќаваат на некое вакво ладно лето.

Па 53-54 година се сеќавам работев во Наколец, Дупени и во овој период одев на езеро ама мораше да се заоблачи од тогаш не паметам.

Не паметам ама сигурно имало.

Јас сум помлад од него иако сум доста возрасен јас дури од март месец па до септември одев на капење а сега 10 дена неможам да одам на плажа не чини времето. Велат анкетирани битолчани.

Сведоци сме дека во паркот кај Јени Џамија во ценатрот на градот секојдневно ги има седнати на клупа и разврзале некоја тема актуелна, проблематична политичка или можеби дамнешна како било некогаш како е сега, ги прашавме колку и како уживаат, за што најчесто разговараат.

Па секојдневно сме тука со другарите си разговараме.

Разговараме за разни теми еден со една друг со друга содржина и така.

Вака си седиме си раговараме и си уживаме.

Според метеоролозите во земјава и во наредниве денови ќе продолжи ваквото време, изутрина сонце, а попладне дожд и посвежо ветровито време, според што се доаѓа до конастатција дека овие луѓе ќе може и натаму да уживаат на клупата во дебелата сенка, во паркот кај Јани Џамија во Битола.