Валбуена ќе игра за Лион во следните три сезони

Валбуена во следните три сезони ќе го носи дресот на Олимпик Лион

Крилниот напаѓач ќе ги брани боите на Лион во следните три сезони, а сумата која ја доби Динамо Москва за овој фудбалер е околу шест милиони евра.

30-годишниот Валбуена во руското првенство помина само една година, каде на 29 натпревари постигна 4 погодоци.

Интересно е дека Валбуена цели осум сезони настапуваше за Олимпик Марсеј (2006-2014), лутиот ривал на Лион од француското првенство.