Спорт

Валбуена сака трансфер само во редовите на Атлетико (М)

Валбуена сака трансфер само во редовите на Атлетико (М)

Репрезентативецот на Франција и стандарден првотимец во дресот на Олимпик од Марсеј, Матју Валбуена откри дека му се допаѓа идејата, својата професионална кариера да ја продолжи во редовите на шпанскиот прволигаш Атлетико (М).

“Добив неколку интересни понуди и за време на летниот и за време на зимскиот преоден рок. Добив понуда од Шалке, Зенит и од уште неколку познати клубови од Европа. Искрено, најмногу ми се допадна идеата да играм за шпанскиот гигант Атлетико (М). Јас имам потекло од Шпанија, но ми се допаѓа тој клуб затоа што игра одлично. Бев во контакт со челниците на Атлетико (М), покажаа голем интерес за моите услуги, но за жал, двата клуба не најдоа заеднички јазик”, изјави крилниот напаѓач на Олимпик од Марсеј.