Валдез од утре прв голман на Монако

Француските медиуми ја потврдија пласираната информација дека сега веќе поранешниот прв голман на каталонскиот гигант Барселона, Виктор Валдез, во текот на денешниот ден ќе пристигне во Монако, а веќе утре ќе проба успешно да ги мине задолжителните лекарски прегледи

Репрезентативецот на Шпанија пред неколку месеци заработи тешка повреда на вкрстените лигаменти во левото колено, а по операцијата, клупскиот доктор на Барса потврди дека Валдез ќе се врати на зелениот терен по пауза од шест месеци.
Ако се биде во ред за време на лекарскиот прегледен, Валдез ќе го потпише понудениот 5-годишен договор кој му гарантира годишна заработувачка од 6.5 мил. евра.