Валдез паузира најмалку седум месеци

Клупскиот доктор на каталонскиот гигант Барселона, потврди дека успешна била операцијата врз лигаментите во десното колено на првиот голман на Барса, Виктор Валдез и додаде дека репрезентативецот на Шпанија ќе мора да мирува во следните седум месеци.

„Валдес ќе мине уште неколку дена во клиниката во Аугсбург, по што ќе се врати во Барселона. Тој ќе го пропушти крајот на сезоната, како и Светското Првенство во Бразил, а неговиот камбек може да се очекува за околу седум месеци“, изјави клупскиот лекар на Барселона.

Веднаш по тешката повреда, клупските челници на каталонскиот гигант потврдија дека му понудиле нов договор на искусниот голман кој претходно изјави дека ќе си замине од “Ноу Камп” на крајот од актуелната сезона.