Спорт

Валдез расположен за преселба во англиската Премиер лига

Валдез расположен за преселба во англиската Премиер лига

Првиот голман на каталонскиот гигант Барселона, Виктор Валдез откри дека француската Прва лига и тимот на Монако најверојатно нема да биде следната дестинација во неговата богата голманска кариера.

Репрезентативецот на Шпанија пред неколку месеци потврди дека ќе си замине од “Ноу Камп” на крајот од актуелната сезона, а сега додаде дека би сакал да брани и во англиската Премиер лига.

“Јас сум голем фан на англиската Премиер лига. Ми се допаѓа атмосферата на Островот, подршката на најверните фанови, респектот кој постои помеѓу фудбалерите. Станува збор за едно од најквалитетните првенства на денешницата. Таму играат најдобрите клубови на денешницата и јас немам никаква дилема кога ќе кажам дека Англија е одлична опција за мене”, изјави Валдез.

Искусниот голман може да иде идеална опција за лондонскиот премиерлигаш Арсенал.