Валенсиен запишан во списокот на ПСЖ

Како и што се очекуваше, актуелниот шампион и лидер на табелата, тимот на ПСЖ не дозволи никакво изненадување на премиерниот натпревар од 25. коло во француската Прва лига и многу полесно од очекуваното со 3:0 го победи гостинскиот тим на Валенсиен.

Од денешните натпревари најголема неизвесност и борба до последниот судиски свиреж се очекува на дуелот помеѓу екипите на Бастија и Монако.

“Бербатов може да биде достојна замена на Фалкао. Благодарение на неговиот погодок Монако избори пласман во следната рунда од Купот на Франција, а сите бевме сведоци на одличната соработка која ја имаше со играчите за врска.Станува збор за фудбалер од светска калса, за искусен фудбалер кој може да игра во било кој клуб во Европа. Се надевам дека ќе биде расположен и на гостувањето во Бастија”, изјави предводникот на Монако, Клаудио Раниери.

Денеска на програмата: Бастија – Монако,Лориен – Тулуз,Сошо – Генгамп, Ница – Нант, Рен – Бордо.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.