Спорт

Валенсија без тренер и без бодови

Валенсија без тренер и без бодови
Четирите порази во воведните четири кола во Примера, кои Валенсија ги забележа во дуелите си Лас Палмас, Еибар, Бетис и Атлетик Билбао, беа јасен сигнал за челниците на клубот од „Местаља“, да му врачат отказ на тренерот Ајестаран.
Овој стратег кој кариерата ја започнал како асистент на Рафа Бенитез во Ливерпул, на клупата на Валенсија седна во март годинава, кога го наследи Гери Невил.
Одредени медиуми во Шпанија шпекулираат дека еден од кандидатите за тренерската позиција во Валенсија е поранешниот тренер на Интер, Роберто Манчини.