Спорт

Валенсија и повеќе од сериозна пречка за Атлетико (М)

Валенсија и повеќе од сериозна пречка за Атлетико (М)

Денеска ќе се одиграат уште четри натпревари од 16. коло во шпанската Примера дивизион, а убедливо најголемо внимание привлекува дерби натпреварот на “Винсенте Калдерон”, помеѓу екипите на Атлетико (М) и Валенсија.

Домашинот важи за апсолутен фаворит, а предводникот на “јорганџиите”, Диего Симеоне, пред стартот на натпреварот изјави дека неговите фудбалери мора да бидат внимателни од првата до последната минута.

“Не е важно дали Валенсија е прва или последна на табелата. Валенсија е максимално незгоден противник, тим кој негува офанзивен стил на игра, противик кој мисли на противничкиот гол. Мора да бидеме внимателни од првата до последната минута. Не смееме да направиме ниту една грешка, а ќе направиме ако мислиме дека без борба ќе го добиеме и овој противник”, изјави аргентинскиот стручњак.

Денеска на програмата: Алмерија – Еспањол, Сосиедад – Бетис, Севилја – Атлетик Б., Атлетико М. – Валенсија.