Валенсија испиша историја – пет шпански тима ќе играат во групната фаза од ЛШ

Динамо Загреб убедлив и на домашен терен - со играч помалку го декласираше Скендербег

Динамо Загреб речиси целото второ полувреме го одигра со играч помалку, откако Португалецот Гончало во 48-та минута заработи црвен картон. Во тие моменти резултатот веќе беше 2:1, но тоа не го спречи хрватскиот шампион да постигне уште два погодока и да слави со убедливи 4:1. Динамо Загреб славеше и на гостувањето во Албанија со 1:2.

-Без место во групната фаза остана шкотски Селтик кој по триумфот над домашен терен од 3:2, сега загуби на гостувањето во Шведска од Малме со 2:0. Розенберг во првото полувреме, и автоголот на Бојата во вториот дел беа пресудни за триумфот на Малме.

Настапот во Лигата на шампионите заврши и за Базел кој одигра нерешено (1:1) против Макаби Тел Авив во Израел. На првата средба Макаби извлече 2:2 во последната секунда, и поради гол повеќе во гости ќе игра во групите на ЛШ.

Во групите ќе игра и Валенсија која загуби на гостувањето во Монако со 2:1, но поради триумфот на првиот дуел од 3:1, успеа да направи историски успех за шпанскиот фудбал, бидејќи за прв пат една држава ќе има пет преставници (Барселона, Реал М, Атлетико М, Севилја) во групната фаза од ЛШ.

Шахтјор Доњецк пред своите навивачи ремизираше (2:2) со Рапид Виена, но поради победата на гости од 0:1 продолжува во групната фаза на елитното европско натпреварување.