Спорт

Валенсија издвојува петта победа во Примера

Валенсија издвојува петта победа во Примера

Фудбалерите на Валенсија ја забележаа петтата победа на последните шест меча во Примера и се зацврстија на третата позиција на табелата која носи пласман во Лигата на шампионите.

Популарните „Лилјаци“ беа убедливи на гостувањето кај Елче со 4:0 во рамките од првиот меч од 28.коло. Сега, Валенсија има четири бодови повеќе од четвртопласираниот Атлетико Мадрид, кој има и натпревар помалку.

Гостите поведоа во 44-тата минута преку Гомес, а повратникот во тимот Пабло Алкасер во 57-та минута зголеми на 2:0.

Сите дилеми околу победникот ги реши дефанзивецот на домаќините Роко кој во 71-та минута ја затресе сопствената мрежа, а конечниот резултат го постави Отаменди во втората минута од судиското надополнување.