Валентино Апостоловски доби „златна пеперутка“ за најдобар кореограф

Со едногласна одлука на жирито Валентино Апостоловски од Скопје е добитник на “Златна пеперутка” за најдобар кореограф на меѓународниот натпревар за најдобар кореограф “Танцлаб”.

Натпреварот беше одржан вчера и завчера во Младинскиот културен центар во рамките на фестивалот Танц Фест.

Зои Винстоу ја доби “Сребрената пеперутка” за истакнат танчер на натпреварот и тоа за “Доживејте ја Зои” во кореографија на Паулина Елвира.”Сребрената пеперутка” за истакнат танчер ја доби и Барбора Рокозова која играше во “ГПС” на Едуард Адам Орсзилик.

Вечерва продолжува програмата на Танц Фест со Ротердам Танцова Академија, Таленти во движење, во 20 часот во Македонскиот народен театар.

Утре, во 20 часот на сцената “Зебра” ќе настаат Битрикс Кру.