Валканов од „Минстрој“: За неколку месеци ќе се вратат на работа сите 1.000 рудари

Директорот на „Минстрој“, Николај Валканов посочи дека се отпочнува со инвестициски циклус од 20 милиони евра во рудниците „Злетово“ и „Тораница“, а најави дека на работа ќе се вртат сите 1.000 рудари кои останаа без работа со стечајот на рудниците.

Сега има веќе 300 вработени во двата рудници, во текот на неколку месеци ќе станат 1000 вработени, а во ноември декември овде ќе биде полно со вработени и со руда, изјави директорот на Минстрој Николај Валканов.


Драган Димитриев, вработен во рудникот „Злетово“ изрази задоволство од брзото рестартирање на рудникот и ангажманот на владините институции.

Голема благодарност до институциите пред се на премиерот и неговиот тим што рестартирањето и одбивањето на дозвола за работа се случи во многу краток период. Донесена е нова механизација, набавени се репроматеријали и  санации на окната, како и санација на бункерите на руда. Се очекува на овој начин и понатамошно зголемување на платите, а сега се зголемени и изнесуваат колку просечните нето плати во Македонија, изјави Драган Димитриев вработен во рудникот Злетово.


Рударот Савчо Нанев го изрази задоволство од новите услови за работа.

Сега тие што се враќаат имаат зголемени плати и има нови материјали и опрема, изјави Нанев.

Почнавме пред еден месец, се надеваме дека ќе оди во подобро. Газдата вложува во репроматеријали и сме задоволни, изјави вработен рудар во рудникот Злетово.



Вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски изјави дека како политичка гарнитура се насочени и сконцентрирани кон економијата, а рударството е еден од тие делови.

Пред неколку дена почна да се отвора нов рудник кој за една година ќе биде целосно во функција. Веќе следната година започнува да се гради рудникот Иловица, а дадени се концесии за уште многу рудници каде што се вршат истражувања, така што ќе има уште многу места каде што ќе се отвораат рудници и каде што ќе се отвораат нови работни места, вели Груевски.

Кога станува збор за рудниците, покрај директните многу се важни и индиректните вработувања.

-Се радувам затоа што напори кои што ги започнав уште како премиер и кои што подоцна продолжија, дадоа резултати и во Пробиштип повторно се враќа рудникот и рударите се враќаат на работа, вели Груевски.