Свет

Валс: Франција е во војна против тероризмот

Валс: Франција е во војна против тероризмот

Францускиот премиер Мануел Валс изјави дека „Франција се наоѓа во војна против тероризмот“.

„Ние сме во војна против тероризмот. Ние не сме во војна против една религија, против една цивилизација“, изјави премиерот Валс на состанокот со префектите во министерството за внатрешни работи.

Во таа прилика францускиот премиер изјави дека е потребно да се преземат нови мерки за да се одговори на терористичката закана по атентатот врз Шарли Ебдо.