среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 30

Валс: Марин Ле Пен би можела да стане претседател на Франција

Во обраќање на бизнис собир во Брисел, Валс оцени дека ако Ле Пен стане француски претседател, над Европа ќе надсвисне опасноста од екстремната десница.

marin le pen

Последни вести

Лидерката на францускиот екстремно десничарски Национален фронт, Марин Ле Пен има шанси да победи на претседатлските избори во Франција што ќе се одржат следната година, изјави денеска францускиот премиер Мануел Валс.

Во обраќање на бизнис собир во Брисел, Валс оцени дека ако Ле Пен стане француски претседател, над Европа ќе надсвисне опасноста од екстремната десница.

– Тоа би значело целосна промена на политичката рамнотежа, потенцира Валс.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека на претседателските избори во Франција, закажани за 7 мај 2017 година, Марин Ле Пен има реални шанси да се пласира во вториот изборен круг.

Пред неколку дена и самата Ле Пен оцени дека минатонеделниот избор на Доналд Трамп за претседател на САД ги „зголемил нејзините шанси за победа“ на претседателските избори во Франција.

– Победата на Трамп го овозможува она што се сметаше за невозможно – победа на обичниот човек над елитите. Јас би сакала и во Франција обичните луѓе да седнат на масата на која седи елитата, која решава кој што треба да добие, изјави Ле Пен за Би-Би-Си.

Таа оцени дека француските гласачи имаат можност да бираат меѓу „мултикултурно општерсво во кое просперира исламскиот фундаментализам и меѓу независна нација во која луѓето самите решаваат за својата судбина“.

– Верувам дека секоја земја има право да ги штити сопствените интереси, додаде Ле Пен.

Таа истакна дека Европската унија претставува „тирански модел“, кој би требало да биде заменет со „Европа на слободни нации по што копнеат многу Европејци“.

Најчитани вести