Валс: На ЕУ и се заканува опасност од распад

На Европската унија и се заканува опасност од распад и неуспех, предупреди денеска францускиот премиер Мануел Валс за време на посетата на Берлин.

Валс нагласи дека на европските проекти им се потребни нови основи со сила, која би ја покажале Германија и Франција.

Тој порача дека Франција мора да продолжи со реформите и оти и се потребни германски инвестиции.