Валс: Под надзор 3.000 луѓе поврзани со џихадистите

Властите мора да надгледуваат околу 3.000 луѓе поврзани со терористичките мрежи, во рамки на новите мерки на француската Влада со цел сузбивање на радикалниот исламизам, по нападите од 7 јануари во Париз, изјави денеска францускиот премиер, Мануел Валс.

Според него, бројот на луѓе поврзани со џихадистичките мрежи во Ирак и Сирија се зголемил за 130 отсто во рок од една година.

Валс, исто така најави дека ќе бидат ангажирани 2.680 нови припадници на полицијата, жандармеријата или разузнавачките служби, а владата ќе мобилизира дополнителни 425 милиони евра за борба против екстремизмот.