Валс загрижен за безбедноста на своите министри

Поради вонредната ситуација и социјалното незадоволство, француските министри и државни секретари ќе бидат постојано под полициска заштита, јавува дописникот на МИА од Париз.

– Вие не сте министри само од понеделник до петок, туку цело време, сметајќи ги и викендите,  така Мануел Валс нагласил на последниот состанок на владата во четвртокот, нагласувајќи дека безбедноста на министрите не е опција, туку обврска.

Службата на премерот ги брифираше новите десет членови на владата за безбедносните мерки и забраната да изглегуваат без придружба од обезбедување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.