Спорт

Ван Бастен ја прекинува тренерската кариера – тренерот на АЗ Алкмар има срцеви проблеми

Ван Бастен ја прекинува тренерската кариера – тренерот на АЗ Алкмар има срцеви проблеми

Легендата на холандскиот фудбал Марко ван Бастен ја прекина тренерската кариера откако денеска поднесе оставка на местото тренер во холандскиот прволигаш АЗ Алкмар.

Иако во клубот дојде на почетокот на сезоната, сепак поради здравствени проблеми беше приморан да се повлече. Иако сеуште не е сигурно, сепак можно е ова да значи и крај на тренерската кариера, бидејќи срцевите проблеми би можеле да се искомпликуваат дополнително од стресот кој го носи тренерската работа.

Поранешната ѕвезда на Ајакс и Милан ќе биде заменета од неговиот помошник Алекс Пастор.

Пред АЗ Алкмар, Ван Бастен ги водеше Херенвен, Ајакс и репрезентацијата на Холандија. Во текот на својата играчка кариера освои три титули шампион на Европа со Милан, а со Ајакс има трофеј од Купот на победниците на куповите.