Ван Гал бара купец за Фелаини

Близок извор до таборот на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, откри дека новиот предводник на “црвените ѓаволи”, Луи ван Гал пред неколку дена побарал од клупските челници под итно да најдар купец за белгискиот интернационалец, Маруане Фелаини.

Пред една година, високиот играч за врска пристигна на “Олд Трафорд” откако челниците на Манчестер Јунајтед го прифатија и го исплатија побараното обештетување од 27 мил. фунти.
Во изминатата сезона Фелаини настапи на само 16 натпревари во англиската Премиер лига и не постигна ниту еден погодок.