Спорт

И Ван Гал е збунет: Не знам каде е Ди Марија

И Ван Гал е збунет: Не знам каде е Ди Марија
Се ближи крајот на нивната соработка

Името на Анхел Ди Марија се почесто се поврзува со францускиот шампион ПСЖ, но реализацијата на овој трансфер добива чуден расплет.

Манчестер Јунајтед и ПСЖ синоќа во Чикаго одиграа пријателски натпревар, а интересно е дека од Аргентинецот немаше ни трага ни глас. Јунајтед е неговиот сеуште официјален, додека “светците” се неговиот следен потенцијален клуб, поради што, по некоја логика, Ди Марија требаше да биде дел од оваа пријателска средба. Во најмала рака, барем на трибините.

Токму неговото непојавување предизвика силен интерес кај присутните новинари, кои веднаш по завршувањето на мечот го запрашаа Луи Ван Гал што се случува со Ди Марија, на што добија краток одговор.

Можеби вие знаете, бидејќи ние не знаеме, одговори Холанѓанецот.

Сепак Ван Гал ја објасни ситуацијата.

Манчестер и ПСЖ се големи клубови, и во таква ситуација преговорите знаат да бидат тешки и незгодни. Сепак, мислам дека крајот се ближи, заврши менаџерот на Јунајтед.