Ван Гал: Добив скршен тим од Мојес

Луи ван Гал, новиот менаџер на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, откри дека наследил скршен тим, а за таквата состојба “најзаслужен” е неговиот претходник, Дејвид Мојес.
Искусниот холандски стручњак додаде дека ќе имал многу полесна преселба на “Олд Трафорд”, доколку пред 12 месеци бил именуван за наследник на сер Алекс Фергусон.
“Сега имам еден скршен тим. Кога ќе го погледнете тимот постои квалитет. Тука се Руни, Ван Перси, Ернандес, Велбек, Хуан Мата… Но, голем број играчи може да играат на иста позиција, не постои баланс. Потешко е да се наследи тим во тешка ситуација, отколку во фантастична каков што беше по Фергусон”, изјави поранешниот тренер на Ајакс, Барселона и Баерн (М).