Ван Гал јавно призна дека сака да биде менаџер на Тотенхем

Трофејниот фудбалски стручњак и актуелен селектор на фудбалската репрезентација на Холандија, Луи ван Гал, призна дека се надева на нова понуда од сопственикот на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Даниел Леви.

“Едно е сигурно, јас после Мундијалот во Бразил нема да бидам селектот на Холандија, нема да бидам дел од новиот квалификациски циклус за ЕП 2016. Не ја знам мојата следна дестинација. Ќе живеам во Португалија, но можно е да добијам некој нов предизвик. Искрено сакам премиерлигашки предизвик, можно е повторно да добијам понуда од Тотенхем, но прво да се сконцентрирам на Ммундијалот во Бразил. Ја пропуштив првата шанса да бидам менаџер на Тотенхем, но се надевам дека ќе добијам нова шанса. Така е тоа кога си тренер, кога ќе помислиш дека е време за одмор тогаш ќе ја добиеш најдобрата понуда. Сакам да работам во Англија, само таму не сум работел. Нема поквалитетни лиги од англиската, германската и од шпанската”, изјави поранешниот тренер на Ајакс, Барселона и Баерн (М).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.