Ван Гал: Манчестер мора да победува

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луи ван Гал, изјави дека клубот мора да победува.

Холандскиот фудбалски стручњак се обидува да го оствари првиот успех со тимот, кој му честиташе на Свонси, а ремизираше со ривалите од Сандерленд и од Барнли.

„Тим како Манчестер Јунајтед, мора да победува. Со два од девет можни бодови, потребно е да се подобриме“, вели искусниот ван Гал за медиумите од Англија.

Фановите на клубот се радуваа дека Холанѓанецот ќе овозможи успеси на славниот англиски состав.

„Добри сме. Правиме одлични можности за погодок и потребно е да ги искористиме. Мора да победуваме“, доодава ван Гал.

Манчестер Јунајтед во следната рунда на „Олд Трафорд“ ќе ги вгости ривалите КПР.