Ван Гал му фрли мерак на Хуан Гуадрадо

Репрезентативецот на Колумбија и стандарден првотимец во дресот на италијанскиот калчолигаш Фиорентина, Хуан Гуадрадо, најверојатно ќе биде најновата летна аквизиција на новиот менаџер на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Луи ван Гал.

Искусниот холандски стручњак е убеден дека се потребни околу 30 мил. фунти за да се осигураат услугите на 25-годишниот крилен напаѓач кој според Ван Гал може да игра на неколку позиции, како офанзивен бек и како крилен напаѓач.
Интерес за колубискиот интернационалец покажаа и челниците на германскиот гигант Баерн (М), но пред неколку часа, спортскиот директор на баварскиот гигант Матиас Замер изјави дека нема да биде испратена официјална понуда за фудбалерот на Фиорентина.