Ван Гал нема да купува дефанзивци

Тренерот на Манчестер Јунајтед изјави дека нема да купи ниту еден одбранбен фудбалер.

Ваквата изјава на Холанѓанецот е малку збунувачка, бидејќи се зборуваше дека му се неопходни дефанзивци.

Тоа посебно беше очигледно по очајниот почеток на сезоната и повредите, поради што Ван Гал шанса им пружи шанса на младите фудбалери.

-Мојата грижа никогаш не беа годините и искуството, мојата грижа е профилот на играчот. Мора да се адаптирате на профилот, а јас нема да купувам играчи кои не одговараат на истиот, вели Ван Гал кој додаде:

-Има многу дефанзивци во светот, но јас не сакам да купам ниту еден. Сакам да ги купам оние кои одговараат на профилот, поради она што јас го сакам и годините не се битни, вели менаџерот на „Црвените ѓаволи“.